Препорака од Оксфорд: Работното време не треба да почнува пред 10 часот
Вработените не треба да се тераат да почнуваат да работат пред 10 часот, затоа што тоа е контрапродуктивно и работниците ќе бидат уморни, подложни на болести и ќе се најдат под голем стрес, тврди доктор Пол Кели од Универзитетот од Оксфорд.
Според него, биоритмот на возрасните лица пред 55 години не е синхронизиран со вообичаено работно време од 9 до 17 часот, што претставува закна по нивната ефикасност, расположение и менталното здравје.
Тој е уверен дека е дојдено време за промени на работното време и одржување на наставата во училиштата да се прилагоди на билошкиот часовник на поголемиот број луѓе.
Неговите тврдења ги потврдуваат и голем број експерименти, според кои, просечен десетгодишник неможе да се фокусира на наставата пред 8:30 часот, а 16-годишниците пред 10 часот. На студентите, пак, им е потребно уште еден час плус за да бидат ефективни.
Кели верува дека поместувањето на наставата за подоцно ќе ги зголеми оценките за десет отсто, а неговата теорија и ја тестирал. Кога директор на едно средно училиште го помести почетокот на наставата од 8:30 на 10 часот, а оцените на учениците се зголемиле за 19 отсто.
Професорот тврди дека компаниите кои ги тераат вработените што порано да почнат со работа, им штетат на нивната продуктивност и придонесуваат за појавата на здравствени проблеми.
- Ова е голем општествен проблем, работниците би требало да почнат да работат во 10 часот, во спротивно не се доволно наспани и полека се оди кон измореното општество и им штетиме на своите тела, изјави Кели за „Дејли Мејл“.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o