Балкан
27. December 2018 - 14:11

Преполн со крв го гледаат секој ден: Автобусот на смртта оставен крај училишен двор!

Автобусот од тешката сообраќајна несреќа во Долно Меѓурово паркиран е крај училишниот двор на електротехничкото училиште „Мија Станимировиќ“.
 
Според зборовите на професорите, учениците од денот на несреќата кога возот удри во автобусот, секојдневно се соочени со морничавите слики на автобусот, преполн со крв, пишуваат Нишки вести.
 
Децата беа видно потресени првиот ден кога автобусот, полн со крв беше тука оставен, но за жал таа слика се уште ги следи, бидејќи друг премин за одење и враќање од училиште, нема – велат професорите од ова училиште кои сакале да останат анонимни.
 
Полицијата на просторот на паркингот на Електронската индустрија, оградила еден дел кој го користи за возила со кои е направено некое кривично дело и тие тука стојат, додека трае судската постапка. Така и тој автобус од страшната несреќа кај Долно Меѓурово се нашол на тој простор.
 
Истиот ден автобусот е довезен и оставен крај оградата на кошаркарскиот терен и училишниот двор. На тој терен децата секој ден играат кошарка, а кога е убаво времето тука се одржуваат и часовите по физичко боспитување- истакнуваат од училиштето.
 
Она на што никој не сметал, е тоа што децата се соочени со страшната глетка, а и на тоа дека дека многу од децата кои одат во тоа училите се токму од Долно Меѓурово и околните села, но и дека има ученици кои изгубија свои другари во несреќата.