Препирка меѓу Георгиевска и Панова, одложена седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата која требаше да продолжи попладнево е прекината, откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска од СДСМ и заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова почнаа да се препираат.
На дневен ред на седницата е точката за утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Георгиевска најпрво му даде збор на пратеникот Игор Здравковски, но веднаш реагираше Панова, потсетувајќи ја претседателката дека побарала да се обрати процедурално. На тоа Георгиевска и рече дека веќе го најавила почетокот на седницата и обраќањето на пратеникот Здравковски. Панова и укажа дека повторно го крши Деловникот кој и овозможува, како што рече, процедурално обраќање како заменик-координатор.
Додека траеше препирката, околу 20-на минути, двете пратенички речиси постојано зборуваа истовремено – Георгиевска и викаше на Панова да го исклучи микрофонот и да го овозможи одржувањето на седницата, а Панова возвраќаше дека има право на збор.
Претседателката на Комисијата потоа констатира дека нема услови за продолжување на седницата, ја прекина и најави дека ќе биде дополнително закажана.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
