Прентовиќ: Значително зголемени откупните цени, се вреднува и се цени трудот на земјоделците
После 11 години потценување на земјоделците, развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати.
Се вреднува и се цени трудот на земјоделците. Тоа го потврдуваат и официјалните податоци.
Зголемена е вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи. Истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и но и на странскиот пазар.
Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти.
Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.
Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.
Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм. Тоа е зголемување од 67 отсто.
Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година.
За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.
Овие податоци се особено важни за овој период кога тече откупот на сезонското овошје и зеленчук.
Правилните политики во земјоделството и напредокот на земјава на евро-интегративниот пат ја зголеми побарувачката на нашите производи на странските пазари.
Извозот на конзервиран зеленчук во 2018 година е зголемен за 6% и изнесува 42.4 милиони евра.
За 19% е зголемена вредноста на извезената краставица и тоа најмногу на пазарите на ЕУ.
Пораст на извозот од 16 отсто има и кај праските.
Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата.
Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерствот за земјоделство остануваат посветени на понатамошен развој на земјоделството во интерес на земјоделците.
ЗБОРОТ ВАЖИ!
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација