Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто
Словенечките затвори се соочуваат со сериозна пренатрупаност, при што моменталната пополнетост изнесува 130 проценти, јави Анадолија.
Најголемиот проблем е во затворот во Љубљана, каде пополнетоста достигна 177 проценти, а потоа следуваат затворите во Копер и Марибор.
Во недела истекува важноста на уредбата на Владата на Словенија за засилени мерки за безбедност поради кадровски и просторни проблеми во затворите.
Во првите три месеци од примената на уредбата, беа спроведени две мерки: привремен прекин на казните и вработување на поранешни затворски полицајци. Но, и покрај мерките, состојбата останува критична.
Се очекува Владата да ја продолжи уредбата за уште три месеци, со акцент на можноста за повторно вработување на поранешни затворски полицајци.
Меѓутоа, затворениците не се задоволни од привремениот прекин на казните, кој не важи за странци, а тие сочинуваат половина од затворската популација.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд