Македонија
14. October 2019 - 16:51

Премиерот Зоран Заев оптимист за датум за почеток на преговори в петок

Во Брисел се прават последни  обиди да се постигне догвор за отворање преговори со Македонија и Албанија.  Иницијативата овојпат ја има Финска, како земја претседавач со  Унијата, брифираат извори од Владата.

На денешниот состанок на амабасадорите на земјите членки во Брисел , Финците ке предложат  старт на преговарачкиот процес за Македонија , а во мегувреме Унијата паралелно да работи на  усвојување на новата методологија за преговори која ја бара Франција.

Во тој случај меѓувладина конференција  на  земјава и владите на ЕУ би се одржала најдоцна во првата половина на наредната година . Доколку компромисот не биде постигнат вечерва, предлогот  утре повторно  ке се најде пред министерскиот совет во Луксембург, велат владини извори. И покрај ваквата неизвесност  до самиот крај, премиерот Заев е оптимист дека земјата неделава ке добие зелено светло  за преговори и не ни помислува за можна блокада од страна на Франција.

-Не сакам ни да размислувам. Петнаесет години чекаме. Донесовме крупни одлуки, реформите се сами по себе многу значајни, и се сто процентно потврдени со извештајот. ЕУ не смее да го казни најдобриот пример, бидејќи тоа е важно и за Европската Унија, и за регионот за следното мотивирање на лидери за реформирање на своите општества“

Сепак засега Париз инситира  прво да биде усвоена новата методологијата на проширување, а потоа Македонија и Албанија да добијат датум. Франција бара новиот начин на преговарање да важи за сите земји кандидатки. Ова поодразбира преговарачкиот процес да биде скалест ревирзибилен, што ке значи затворените поглавја повторно да се отвораат доколку земјата стагнира или назадува а во напредокот.

Владини извори брифираат дека со другите членки на Унијата не постојат дилеми за старт на прегворите  за Македонија, додека пак за Албанија три –четири членки имале сериозни забелешки за додерлување на датум.