Премиерот Заев застана во одбрана на Рашковски, не гледа ароганција, ниту причина за оставка
Нема криминал во набавката на радарскиот систем во македонска навигација. Премиерот Заев застана зад владиниот генерален секретар Драги Рашковски. Вели разрешување нема да има. Тој работел по негова директива. Како и Рашковски вчера, не одговори што значат оние 15% за кои зборува генералниот секретар.
За обвинувањата кои на адреса на Рашковски вчера стигнаа од сите новинарски здруженија, Заев вели дека има разбирање. Не можете да го правите салата, тој не е боксерска вреќа, дециден е премиерот
Ароганција нема, но Заев и целата Влада ќе се извинуваат за навредите на Рашковски
Генералниот секретар на Владата се најде среде скандал откако во јавноста беше објавена снимка на која тој наводно договара тендер вреден 7 милиони евра.
Рашковски се бранеше дека тендерот бил од претходно договорен и дека кадри на опозицијата ја опструирале неговата реализација.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
