Македонија
15. July 2019 - 16:19

Премиерот Заев закажа лидeрска средба за в петок , ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ги кани лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата на Албанците Зијадин Села на лидерска средба во петок во 14 часот во клубот на пратениците. Заев ги потврди веќе најавените три теми за разговор: нов изборен законик, пописот идната година и законот за јавно обвинителство. Премиерот ги смета како клучни за добивање на датум за преговори во октомври.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека Мицкоски ќе ја разгледаат понудата за лидерска средба само ако прва точка на разговор се предвремени парламентарни избори.

Заев вели дека секој од лидерите може да предложи тема доколку тоа е во интерес на граѓаните. Во однос на предвремените парламентарни избори, вели дека останува на ставот за одржување на редовни избори со цел да се искористи поволниот период во економијата. Најрано што би можело да се прифати граѓанско изјаснување е октомври наредната година и тоа само поради временските услови во декември кога би требало да се одржат редовните избори.

Лидерот на СДСМ тврди дека на лидерската средба не оди со догворени ставови со колициската ДУИ, и покрај тоа што и од партијата на Али Ахмети најавија можни предвремени избори за истиот период догодина.

Во однос на тоа дали е подготвен да понесе одговорност, ако сепак, во октомври не добиеме датум за преговори Заев одговара дека е подготвен да разгвара за тоа.  Но, додава  дека 100 пороценти е уверен во одлуката на Европскиот совет и очекува евцропските лидеро да го наградат постигнувањето на Договорот од преспа како мотив за сите останатите кои треба да постигнат договор за отворени прашања.