Премиерот Заев во работна посета на Софија
Премиерот Зоран Заев, од вечер, по завршување на посетата на Брисел, ја почнува работната посета на Софија каде ќе учествува на меѓународната конференција „Пoсилна регионална интеграција на Балканот“, соопшти владината прес-служба.
Во Софија Заев ќе биде придружуван од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министрите за финансии и за транспорт и врски, Драган Тевдовски и Горан Сугарески. На маргините на Конференцијата, денеска, дел од македонската владина делегација во Софија ќе се сретне со претставници на Светска банка на највисоко ниво.
Според најавата, вечер премиерот Заев ќе присуствува на вечерата, што ја организира премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, во чест на премиерите од Западен Балкан, дојдени во Софија.
На меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, што ќе се одржи утре, треба да се разговара за гранични олеснувања во регионот, со цел гранични олеснувања и на трговијата, како и за регионални ИТ и технолошки кластери, со цел отворање перспективи за приватниот сектор.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници