Премиерот Заев од утре во официјална посета на Словенија
Владина делегција предводена од премиерот Зоран Заев, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.
За време на посетата премиерот Заев ќе оствари тет-а-тет средба со и словенечкиот премиер Миро Церар, додека министрите во Владата на Република Македонија, ќе имаат билатерални средби со нивните колеги од словенечката Влада, по што ќе следува и заедничката, пленарна средба на министрите во делегацијата на Република Македонија и министрите домаќини во Владата на Република Словенија.
На првиот ден од посетата, Заев, ќе има средба со припадниците на МВР на Словенија кои учествуваа во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедувањето на јужната граница за време на мигрантската криза. Задутре премиерот Заев ќе има работен појадок со делегација на словенечки стопанственици.
Македонскиот премиер ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија Милан Брглез, како и со словенечкиот претседател Борут Пахор.
Во состав на делегацијата на Република Македонија се вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економијиа Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија