Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Јегуновце, при што ќе ги посети повеќе населени места во кои се реализирани проекти.
Како што информираат од Владата, тој ќе го посети населеното место Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj. Вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на Општина Јегуновце, како и населеното место Раотинце каде што е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда. Средства за овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Јегуновце, во висина од 1.000.000 денари.
Премиерот Мицкоски ќе го посети и населеното место Јегуновце каде се врши комплетна реконструкција на локални улици во село Јегуновце и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри и асфалтирање на истите улици во должина од 3000 метри, со средства во висина од 37.000.000 денари обезбедени од Министерство за транспорт и буџетот на Општина Јегуновце.
Предвидена е и посета на населеното место Вратница каде се врши реадаптација на постоечки обект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија.
Ново на Сител
-
28 годишен Албанец неуспешно бегал од полиција, во возилото пронајдени 12 мигранти
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер
-
ЦУ: Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки
-
ОЈО со детали: Над 9 милиони денари штета од пожарот во Адвокатската комора
-
Најстудено на Попова Шапка
-
ФИФПро ги објави номинираните за идеален тим, доминација на Премиер лигата
-
Од САД за Украина нова помош од 725 милиони долари
-
Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО