Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој од денеска до четврток, заедно со владината делегација се наоѓа во билатерална посета во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
- Денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба со Неговото височество, претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски односи, многу поплодни односи, а јас, од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада, но истовремено, го поканив Неговото височество, претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството и така натаму - нешто што, убеден сум дека може да претставува солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка, истакна премиерот Мицкоски.
Во рамките на официјалната посета на ОАЕ, премиерот Мицкоски и владината делегација ја посетиле величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби архитектонско ремек - дело изградено од бел мермер, симбол на духовноста, толеранцијата и единството.
- Оваа џамија не само што претставува едно од највпечатливите верски и културни обележја на Емиратите, туку и место што ги спојува традицијата и современоста, отворајќи врати за луѓе од сите вери и нации. Посетата остави силен впечаток и претставува потсетник на значењето на меѓусебното почитување, разбирање и дијалог меѓу народите, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Во деновите коишто следат, премиерот Мицкоски, како што соопшти владината прес-служба, ќе има средби со стопанските комори на Емиратите - Дубаи, Абу Даби, Шарџа, како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажуваа интерес да инвестираат кај нас, дома во Македонија.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило