Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе има средби со потпретседателката на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со премиерот на Полска, Доналд Туск, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе присуствуваат на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел на кој за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
На Самитот ќе се разговара за натамошната интеграција на регионот преку Планот за раст, како и за надворешни, безбедносни и миграциски прашања.
Исто така, претседателот на Владата Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската народна партија.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега