Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Сопиште

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Сопиште ќе присуствува на отворање на градинка во која има ќе има можност за згрижување на 84 дечиња.
Градинката „Сонце“, како што информира владината прес-служба, се наоѓа на локација која одговара за жителите од Долно и Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци.
Во неа се предвидени јасли за згрижување на дечиња до двегодишна возраст, како и две хетерогени групи за дечиња од две до четиригодишна возраст и група за дечиња од четири до шестодишна возраст.
-Објектот е со вкупна нето квадратура од 362 м2 поделена во три занимални, дел за манифестации, административен дел, како и помошно технички дел. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедни од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади во висина од 21.000.000,00 денари, информира владината прес-служба.
МИА
Ново на Сител
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
