-->
-->
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-->

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа кој се организира во Општина Пустец, Република Албанија.
Манифестацијата ја организира македонското друштво „Преспа“, со поддршка на општина Пустец, а ќе се одржи по неколкугодишна пауза.
- На овој голем и многу значаен настан за сите Македонци ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва, фолклорни групи, со македонски ора, песни и обичаи. Тоа ќе биде единство, традиција и гордост на едно место, информираше за МИА, порано месецов, Едмонд Темелко, претседател на друштвото и поранешен градоначалник на оваа општина.
Фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“, во центарот на Пустец, со почеток од 18 часот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
