-->
-->
Премиерот Ковачевски со честитка по повод Божик до верниците на Католичката црква
-->
– Премиерот Димитар Ковачевски упати писмо со честитки до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква.Во писмото и до сите верници на Католичката црква во нашата земја, премиерот Ковачевски пишува дека Божиќ е еден од најсветлите празници, кој носи нов живот, нова надеж за подобро утре за секој човек, за секое семејство и за секој дом.
-Големиот Христијански празник-Христовото раѓање, Божиќ е симбол на сплотеност, заедништво, љубов и раѓање на нова надеж. Токму овој празник треба да нè потсети на семејните вредности, на солидарноста и љубовта кон ближниот. Овој голем празник е симбол и на тоа дека сите предизвици во животот треба да се обидеме да ги надминеме со добра волја, трпение, разбирање и подавање рака на ближниот, вели Ковачевски во честитката.
Во изминатата година, додава тој, ги надминавме поголемите потешкотии кои ни ги наметна корона кризата, но се соочивме со енергетско-економска криза.
-Во духот на христијанските вредности, се надевам дека и овој предизвик ќе успееме да го пребродиме во наредниот период и од тоа ќе излеземе посилни, помудри и уште поподготвени да се справуваме и со нови предизвици. А за да го постигнеме тоа, потребно е заедништво, сплотеност и взаемна поддршка без која ништо не е невозможно и се е остварливо, додава премиерот.
Само на тој начин, според него, ќе успееме да ги надминеме и најтешките искушенија. Во духот на овој голем христијански празник, премиерот би сакал сите да се потсетиме на основните христијански вредности-да подадеме рака секому кому му е потребна помош, да даруваме безусловна љубов и да не заборавиме да правиме добри дела.
Само на тој начин, според него, ќе успееме да ги надминеме и најтешките искушенија. Во духот на овој голем христијански празник, премиерот би сакал сите да се потсетиме на основните христијански вредности-да подадеме рака секому кому му е потребна помош, да даруваме безусловна љубов и да не заборавиме да правиме добри дела.
-Создавајќи заеднички вредности за нас и за нашите деца, ќе покажеме дека само обединети и сплотени можеме да одиме напред. Вам и на сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање според Грегоријанскиот календар, ви посакувам среќни празници. Христос се роди! Среќен Божик, пишува прмиерот Ковачевски во честитката по повод Божик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
-

Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните
-

Седлоски нов селектор на македонската А-репрезентација
-

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство
-

МЗШВ: Европската комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата
-

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но, тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите
-

Од утре повторно дожд, стабилизација на времето од петок
-

Спиропали: Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина
