Премиерот Ковачевски на 11 мај во Брисел
Премиерот Димитар Ковачевски во среда ќе го посети Брисел, каде ќе учествува на сега веќе традиционалната неформална вечера организирана од високиот претставник за надворешна политика ЕУ, Жозеп Борел за лидерите од земјите од Западниот Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.
Како и обично, оваа неформална вечера има за цел да се разговара за главните прашања и предизвици со кои е соочен регионот, меѓу кои најчувствителни се Босна и Херцеговина и Косово.
Покрај вечерата, како што информираат македонски дипломати во ЕУ, премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерална средба со Борел.
Истиот ден премиерот Ковачевски ќе се сретне и со неговиот белгиски колега Александер Де Кро.
Северна Македонија очекува одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во рамките на преговорите за членство, одобрени од страна на сите земји членки во март 2020, но Бугарија продолжува да го блокира процесот поради билатерални прашања.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
