Премиерот Ковачевски го посети Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија

Во рамки на посетата на Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски го посети Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, јави дописникот на МИА од Софија.
Димитар Ковачевски и македонската владина делегација предводена од него беа пречекани од директорот на КИЦ Сашко Насев, кој ги запозна со неговите активности. Насев во галеријата на КИЦ на македонскиот премиер и на министрите за економија и надворешни работи Крешник Бектеши и Бујар Османи им ја покажа изложбата „Панта реи“ на македонскиот уметник и скулптор Марјан Стојаноски.
Насев го запозна Ковачевски и со претстојната Европска ноќ на литературата, која ќе се одржи на 7 септември во Софија и со читателското гнездо на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Бугарија, каде што е објавена книгата на македонскиот писател Александар Прокопиев „Човечулец“. Оваа збирка раскази годинава беше преведена на бугарски јазик во издание на издавачката куќа „Книги за секого“.
Директорот на КИЦ во Софија и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, разговараа за културната интеракција за подобро запознавање на бугарската јавност со достигнувањата на македонската култура.
Ново на Сител
-

Голем дел од интернетот падна: Нов голем проблем со Cloudflare
-

Зголемено ниво на реките, утре локален дожд
-

Откриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светот
-

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
-

Мбапе на четири голови од рекордот на Роналдо
-

ПМФЛ: Со два натпревари денеска почнува завршното коло од есенскиот дел
-

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026
-

Германскиот парламент ја зголемува безбедноста во воените објекти
