Македонија
27. February 2023 - 16:36

Премиерот и претседателот ја одбија идејата на Алтернатива

Несериозен, неевропски и неамерикански. Премиерот Ковачевки ја отфрли иницијативата на Алтернатива за формирање заедница на албански општини по примерот на Косово. Состојбите со Косово се неспоредливи, а Македонија има документи кои ги регулираат односите помеѓу заедниците.

 Ние овде заедно сме си ги уредиле правата како ќе живееме и како ќе напредуваме и врз основа на тоа сме станале земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ и безбедноста и стабилноста на нашата држава е на толку високо ниво изградена по 2001 година што земја депонент на договорите од Берлинскиот процес, кој ги потпишаа сите земји од Западен Балкан се депонирани во нашето Министерство за надворешни работи“, рече премиерот

Состојбите во Македонија и Косово се неспоредливи и според шефот на државата. 

Прашањето за статусот и правата на етничките заедници кај нас се решени со Охридскиот рамковен договор, велат од кабинетот на Пендаровски

Политичарите да внимаваат кога даваат изјави кои можат да ги нарушат етничките односи во државата повика и министерот Пенов.

Со помош на ЕУ и САД, изградивме концепт на локалана самупорава кој ги задоволува потребите на сите граѓани и сите заедници во Македонија. Јас разбирам дека моментот е сега, некој сака да лови политички поени, меѓутоа треба да се внимава, таквите изјави и барања можат да влијаат на меѓучовечките односи кои за среќа се многу постабилни денес, и се надевам дека граѓаните нема да се поведуваат под такви барања за декомпонирање на државата, вели министерот за локална самоуправа, вели министерот за локална самоуправа.

Идејата на Алтернатива засега доби поддршка само од предводникот на т.н. огнена група и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, но чаирскиот градоначалник иако член на огнените, денеска со помека изјава. Ганиу вели дека ова е сериозна тема за која треба да дебатира највисокиот партиски орган на ДУИ.

Прво мора да имаме дебата во централното раководство. Сигурно кога нашиот претседател ќе повика седница, ќе се дебатира и тоа и тогаш ќе имаме конечен став, вели Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

Сепак ДУИ веќе децидно ја одби вакавата иницијатива, која ја оцени како патетична и очаен обид Алтернатива да опстане на политичката сцена по излезот од Владата.

Ниту новиот владин партнер Алијанса нема разбирање за ваквото барање,  ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Охридскиот рамковен договор е доволен, а незрелото однесување на Гаши може да доведе до разгорување на тензиите.