Премиерот Груевски во посета на Пелагонискиот регион
Премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува на Пелагонискиот регион, во рамки на кој ќе ги посети општините Битола, Могила и Ресен, соопшти владината прес-служба..
Според агендата, премиерот Груевски прво ќе ја посети општина Могила каде ќе присуствува на отворање на спортски сали во селата Новаци и во Могила. Во Новаци претседателот на Владата ќе присуствува на црковно-народниот собир во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, а во Могила ќе има средба со жителите на ова населено место. Предвидена е и посета на Основното училиште „Кочо Рацин“ и средба со жителите на село Долно Српци, како и посета на земјоделска фарма на индивидуален земјоделец во ова село, кое е дел од општина Могила.
Во Ресен премиерот Груевски ќе присуствува на отворање на откупно дистрибутивниот центар „Apple Land“, а ќе направи и увид во градежните активности за рехабилитација на магистралниот пат Битола-Ресен-Буково.
Посетата на Пелагонискиот регион претседателот на Владата ќе ја заокружи со присуство на пуштањето во употреба на еден двоен и еден единечен тениски терен во спортско рекреативниот центар „Шеталиште“, во Битола.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи