Македонија
3. September 2015 - 20:55

Премиерот Груевски во посета на општините ѓорче Петров и Сарај

Населбата Хром ќе добие комплетно ново основно училиште. Станува збор за училишен центар кој со нетрпение го чекаа жителите на овој дел од Ѓорче Петров.

Увид во текот на градежните работи на основното училиште Димитар Поп Ѓоргиев – Беровски изврши премиерот Груевски кој беше во посета на жителите на Хром. 

Груевски кој попладнево посети повеќе населени места во општина Ѓорче Петров, беше во обиколка и на низа тековни проекти кои се реализираат во општина Сарај.

Таму изврши увид во градежните активности на новото средно училиште кое треба да биде готово до крајот на годината. Станува збор за инвестиција вредна 32 милиони денари и е со капацитет од 700 ученици.