Премиерот Груевски во посета на Ѓорче Петров и Сарај
Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Ѓорче Петров и Сарај.
При посетата на Општина Ѓорче Петров во населбата Хром Груевски ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на постоечкиот објект и за доградба на нови простории во состав на основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, како и на активностите за реконструкција и изградба на улиците „Ибе Паликуќа“ и „Злате Михајловски“, дел од проектот за изградба и реконструкција на 16 улици во општината.
Во селата Волково и Ново Село, пак, премиерот ќе има средби со граѓани.
Според најавата, во Општина Сарај Груевски ќе изврши увид во градежните активности за изградба на новото средно училиште во село Сарај, по што ќе има средби со граѓани во село Љубин и Шишево.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор