-->
-->
Премиерот Груевски во Кочани, Виница и Берово
-->

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Кочани, Виница и Берово.
Во Кочани, како што соопшти владината прес-служба, ќе го посети реконструираното средно општинско училиште „Љупчо Сантов“, а во Виница компанијата „Макпрогрес-Винчини“ и ќе присуствува на пуштањето во употреба на двојно тениско игралиште.
Според агендата, во Беровско премиерот Груевски ќе пушти во употреба пешачка патека околу Беровско Езеро, ќе присуствува на поставување камен-темелник за изградба на фекална канализација за продолжување на главниот колектор во туристичката населба „Беровско Езеро“ и ќе го посети реконструираното основно училиште „Никола Петров - Русински“ во населеното место Русиново.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
