Македонија
3. August 2015 - 23:08

Премиерот Груевски вечерва на терен во тетовско

Премиерот Никола Груевски вечерва се упати кон Тетово кое попладнево беше зафатено од обилни врнежи, потврдија владини извори.

Премиерот ќе направи непосреден увид во состојбите на теренот на лице место, ќе се види ситуацијата на терен и ќе се утврди што дополнително треба да се направи за менаџирање со состојбите.

Портпаролот на Владата пак, Александар Ѓорѓиев информираше дека за утре е закажана и владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи на која ќе се утврдуваат понатамошните активности и помошта за населението и субјектите.