-->
-->
Премиерлигашки пресврт за триумф на Вотфорд
-->
Љубителите на фудбалот на британскиот остров можеа да видат интересна фудбалска претстава со многу голови, пресврт и изненадување на крајот откако Вотфорд во премиерниот меч од викенд колото во Премиер лигата го совлада Евертон со 3-2. Гостите први и поведоа со погодокот на Лукаку но дојде пресвртот откако Стефано Окака по дури 6 години постигна гол во Премиер лигата. Подоцна домашните водеа со 3-1 откако Окака и Продл постигнаа уште два гола. Лукаку исто така беше двоен стрелец но неговиот тим остана без бодови.
-->
-->
-->