Балкан
22. September 2016 - 19:14

Премиерите од регионот на Самит за балканската рута во Виена

На покана од австрискиот канцелар Кристијан Керн, в сабота во Виена ќе биде одржан Самит за бегалската криза на кој ќе присуствуваат девет премиери од земјите на таканаречената балканска рута. 

Европската комисија, како што е најавено во Виена, ќе ја претставвуа комесарот за миграција Дмитрис Аврамополос. 

Исто така се очекува на собирот да учествува и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск. 

На Самитот најавено е дека ќе учествуваат грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој не беше поканет на претходниот собир, со што се создадоа тензии меѓу Виена и Атина,  германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Словенија, Македонија, Хрватска, Албанија, Унгарија, Бугарија и Србија.

- Посебно во врска со заштитата на надворешните граници и помошта на самото место мораме брзо да напредуваме, изјави Керн. 

Тој очекува дека на Самитот ќе бидат изнесени различни ставови, но смета дека е неопходно дека сите што се погодени од балканската рута мораат да седнат на една маса и да разговараат за прашањето за бегалците. 

Според неговите зборови со досегашното темпо на решевањето на проблемите не може да биде задоволен, па неоходно е тоа да се забрза. Затоа собирот во Виена треба да послужи и за вршење притисок со цел да се пронајде решение. см/ссм/17:04