Премиерите на В4 на состанок за мигрантската криза

Според чешкиот премиер Бохуслав Соботка, мигрантската криза нема да води до крајот на Европската уника (ЕУ), а поголема опасност е растечкиот популизам и фрустрациите на граѓаните, јави дописникот на МИА од Прага.
Соботка на Прашкиот Европски Самит (6-8 јуни) во својот говор оцени дека можно решение е градењето на доверба меѓу земјите-членки и зајакнување на европската кохезија.
Европа, според неговите зборови, не треба заборави своите достигнувања.
- Темата на миграцијата има силен одѕив во ЕУ, но не мислам дека европскиот проект сега може да се распадне, рече Соботка.
Тој додаде дека многу повеќе на Европа и се заканува национализмот, кој го користат популистите, како и растечката недоверба на Европејците во ЕУ.
Во Европа растат националистичките тенденции и се појавуваат радикали, кои нудат лесни решенија, предупреди претседателот на чешката влада, кој смета дека најдобар начин за Европа да се спротивстави на овие тенденции, е враќање кон суштината на европската соработка - изградба на мирна заедница на државите и подобрување на животниот стандард на Европејците.
За една од причините за зголемената фрустрација на европската јавност, чешкиот премиер ја означи неможноста на Европската унија, да ги пренесе позитивните приказни.
- Ние треба да зборуваме не само за предизвиците, кои мора да ги решаваме, туку и тоа дека успеваме да се справиме со нив, рече Соботка наведувајќи го како пример, договорот со Турција за враќање на нелегалните мигранти пристигнати во Грција.
Полската премиерка Беата Шидло го поддржа Соботка во оценката, дека ЕУ не смее да дозволи поделба на неколку помали унии.
Таа смета дека Европа мора да биде ,,солидарна со своите држави кои директно се соочуваат со миграциската криза и дека кога некој има поинакво мислење треба да се сослуша".
Унгарскиот премиер Виктор Орбан спомена и други проблеми, како на пример нефункционирањето на надворешната политика заснована на градењето на демократијата.
- Реагиравме во Ирак, Сирија и Либија, но тие земји веќе не постојат, ние ги уништивме, рече Орбан, подвлекувајќи дека од тие причини луѓето ја губат надежта.
Премиерите на Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка) подвлекоа дека промена во ЕУ би настанала ако Велика Британија на претстојниот Референдум одлучи да ја напушти Унијата и заклучија дека е потребно таа да остане во сојузот.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
