Македонија
19. May 2016 - 9:35

Премиера напретставата „Огнена љубов“ во крива Паланка

Претставата „Огнена љубов“ во режија на Глигор Цветковски синоќа беше изведена премиерно на сцената во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
 
Станува збор за пиеса, адаптирана верзија на текстот „На игла“ на еминентниот српски драматург,  Владимир Ѓорѓевиќ.
 
- Членовите на драмското студио при НУЦК Крива Паланка ја изведоа претставата пред бројната публика од различни возрасти. На сцената прв пат настапија новите членови на студиото од помладите генерации изадоволен сум од нивната изведба, рече режисерот Глигор Цветковски.
 
Ова е 12-татеатарска пиеса во  негова режија на матичната сцена при Центарот за култура.
 
- Самата претстава носи еден актуелен горлив проблем со кој се соочуваат младите, а тоа е темата на зависнисноста од дрога и опијати. Како опозит на ова современо зло, пиесата ја носи пораката на љубовта која е темелна универзална, основна човечка вредност и победува се, додаде Цветковски.
 
„Огнена љубов“ ќе биде прикажана и пред основците и средношколците од градот, како таргет група до која е упатена пораката на претставата, а пиесата ќе гостува во неколку македонски градови, и во Р.Србија.
 
Цветковски нагласи дека се подготвуваат и за фестивалот за млади актери, „Варошко позориште“, Хистрион-Прокупље, Република Србија.