Премиера на „Зулендер 2“, FX3X дел од авантурите

Комедијата Зулендер 2, на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х вечер премиерно ќе биде прикажана во Скопје.
Миливоје Ѓорѓевиќ, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, за работата на овој проект вели дека Зооландер 2 е една од култните пародија комедии, кои на интересен начин ни свртуваат внимание врз некои општествени појави.
- Кога се работи за таков филм, секако дека е огромно задоволство да сме дел од него, и овојпат во соработка со нашите долгогодишни клиенти МПЦ Техниколор од Лондон. На проектот работеа 50 артисти во септември 2015 година. Хуморот во филмот ги следи најактуелните теми во шоу бизнисот. Оттаму убиството на Џастин Бибер и андрогениот Бенедикт Камбербеч се некои од атрактивните моменти, вели меѓу другото Ѓорѓевиќ.
По 14 години од првиот дел фановите на Зулендер ќе видат богата плејада на актери. Покрај Бен Стилер и Овен Вилсон, во филмот се појавуваат и Пенелопе Круз, Ашер, Џастин Бибер, Мајли Сајрус и Деми Ловато. Вил Ферел, пак, се враќа во улогата на негативецот Мугату.
Премиерата на филмот е во 20 часотѕ во киното Синеплекс.
Ново на Сител
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
