Премиера на „Врба“ во Романија, во август и во Кина
Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски вечер ќе има романска премиера на најстариот и најголем романски интернационален фестивал – Трансилванија во Клуж-Напока.
-Ова е еден од првите фестивали во светот кој ќе се одржи во услови на пандемија – филмовите ќе се прикажат пред публика на отворени простори, соопшти продукцијата „Банана филм“.
„Врба“ во август ќе има и кинеска премиера, на фестивалот во Пекинг, каде што ќе биде прикажан во престижната официјална програма за награди. Во програмата „Под ѕвездите“ на интернационалниот филмски фестивал во Нанси, Франција, во август ќе биде прикажан и претпоследниот филм на Манчевски, „Бикини Мун“.
Светската премиера на „Врба“ беше на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. Потоа филмот два и пол месеца беше прикажуван во кината низ земјава, а беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Сараево, Софија…
„Врба“ ја освои и наградата за најдобар филм во програмата „Недела на режисерите“ на 40. Филмски фестивал „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација