Премиера на „Суд“ во режија на Дамјан Читкушев вечер во Штип
Претставата „Суд“ од Коле Чашуле, во режија на Дамјан Читкушев, вечер во 20 часот ќе биде премиерно изведена во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
Според режисерот Читкушев вечерва љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да видат неконвенционална претстава, во која главна тема е психолошкиот аспект на предавството.
- Мислам дека претставата го крши тој конвенционален кодекс, што го имал театарот овде и жанровски се крши малку од она што ние сме навикнати да биде театар, вели Читкушев.
Во претставата „Суд“ играат актерите Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Милорад Ангелов, Виктор Арев, Анѓелка Нашкова, Ефтим Ѓаурски и Александар Иваноски. Според актерите иако предавството и патриотизмот во овој момент се најжешкиот костен, сепак во претставата „Суд“ нема дневна политика.
- Навистина ние имавме убав процес, во кој што научивме по нешто и благодарение на режисерот, бидејќи во секој момент знаеше што сака и да го побара тоа од актерот што е потребно за сцената, вели актерот Пеце Ристевски.
„Суд" од Коле Чашуле во штипскиот театар се поставува по втор пат, а првпат била изведена пред околу дваесетина години. Сценографијата за „Суд" ја изработи Стефан Спировски, а костимографијата е на Мелани Демитровска.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување