Премиера на претставата „Чернодрински се враќа дома“
Во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово утре премиерно ќе биде изведена претставата „Чернодрински се враќа дома“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Дамјан Читкушев.
Режисерот Дамјан Читкушев и актерот Марко Богдановски на прес-конференција најавија дека со премиерата на оваа претстава во националната установа Тетовски театар ќе почне да функционира нова организациска единица за подготвување и јавно изведување на драмски дела на македонски јазик.
Според најавите на тетовецот Марко Богдановски, кој е дел од актерската екипа се работи за колективна престава која има за цел да ја разбуди свеста додека стравот, љубовта, моќта на духовната вредност се емоциите и темите кои ќе бидат проткаени низ театарската игра на младите актери
Претставата „Чернодрински се враќа дома“ е заедничко дело на актери од Театар Комедија од Скопје, Драмскиот театар од Скопје и Тетовскиот тетар меѓу кои се Благица Димитровска, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Дритон Вејсели, Тино Костадиновски, Марко Богдановски, Георги Нешковски, Ариан Ејупи, Слободан Трендов и други.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите ги изработи Мелани Димитровска, а музиката е на Александар Томески, Марко Галевски, Андреј Караџоски и Игор Котески.
Претставата ќе биде поставена на редовниот репертоар на Тетовскиот театар и репризите ќе бидат одржани во текот на декември.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито