Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

Премиерата на претставата „Пепелашка“ по Шарл Перо и браќата Грим, а во режија на Дејан Дамјановски вечер ќе биде изведена во Театарот за деца и младинци. Претставата е во рамки на 37-та манифестација „Скопско лето“.
Според директорот на Театарот за деца и младинци Братислав Димитров, претставата ќе биде вистински хит и ќе има долг живот.
- По сите знаци и параметри ова е одлична екипа на креативни луѓе, докажани и автори со голем театарски апетит и творечки потенцијал, рече Димитров на вчерашната прес-конференција.
Драматургот Горјан Милошевски информира дека ги искористил бајките на Шарл Перо и браќата Грим и мотивите од цртанот на Дизни.
- Ги испишав ликовите на мој начин. Ситуациите се развиени по моја визија и идеја. Пепелашка и Принцот не се безгласни. Тие не се само убави луѓе кои се заљубуваат еден во друг, туку имаат свој коментар и став, рече Милошевски.
Тој потенцира дека децата најважно е да имаат голема верба, надеж и љубов и да имаат свој став во животот.
За режисерот Дамјановски ова е трета претстава во Театарот за деца и младинци. Тој додаде дека изборот за „Пепелашка“ е личен и субјективен.
- Претставата или бајката „Пепелашка“ се базира на премисата-на добрите луѓе им се случуваат добри работи. Тоа е доста важен момент во денешно време, потенцира Дамјановски, додавајќи дека се работи за комплексен проект и солидна претстава.
Претставата трае околу педесетина минути и во неа играат единаесет актери. Играат Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Катарина Илиевска Силјановска, Емра Куртишова... Костимографијата е на Елена Дончева, сценографијата на Кирил Василев, а музиката на Сашко Костов.
„Пепелашка“ од септември ќе биде на репертоараот на Театарот за деца и младинци-Скопје.
Ново на Сител
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
-

За два дена, во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14 години
-

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“
-

Кривична за лице од дебарско, вршел такси превоз без лиценца
-

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
