Премиера на македонско-косовската копродукција „Враќање“

Долгометражниот игран филм „Враќање" по сценарио и режија на Кастриот Абдули вечер од 20 часот премиерно ќе биде прикажан во киното „Синеплекс“.
Продуцент на филмот е „Дарданиа филм“ од Скопје, копродуцент „Шкупи филм“ од Приштина. Финансиран е од Агенцијата на филм на Република Макеоднија и Косовскиот центар за кинематографија.
Филмот е приказна за млад албански емигрант и неговата девојка, Французинка, кои решаваат да го посетат неговото родно село во Македонија. Пријатното изненадување се претвора во големо разочарување кога неговите родители ќе ја дознаат вистинската причина за враќањето на синот.
Покрај филмски автори, актери и други учесеници во екипата од Македонија и од Косово, како гостин во филмот, во една од главните женски улоги, се појавува француската актерка Делфин Депардје, внука на актерот Жерар Депардје. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски.
По вечерашната македонска и светска премиера, „Враќање" ќе се прикажува на редовниот репертоар на „Синеплекс“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
