Премиера на филмот „И(с)згубени“ на охридскиот режисер Антонио Вељаноски
Краткометражниот игран филм „И(с)згубени“ на охридскиот режисер Антонио Вељаноски вечер во амфитеатарот на филмската академија „ФИОФА“ премиерно ќе биде прикажан пред охридската филмска публика.
Станува збор за најновото остварување на Вељаноски во кое се зборува за осаменоста, надежта и љубовта. Филмот говори за осамен пензиониран лингвист Рудолф (77) кој оди во пошта. Почнува да го следи куче од кое не може да се ослободи. Тоа ќе направи целосна и неочекувана пресвртница во неговиот живот…
Главните улоги во филмот ги толкуваат познатите чешки актери Јан Качер и Марие Дурнова.
Вељаноски е и автор на сценариото за филмот, додека директор на фотографија е Владимир Димоски, Катерија Јирманова е сценограф и костимограф, монтажата е на Лука Џикановиќ, а музичката позадина за филмот ја изработи Игор Василев Новоградска. Продуцент на сет е Зоран Вељаноски Летра, додека продуцент на филмот е Елена Станишева.
Филмот е ко-продукција со ФАМУ и „ФАМУ Студиото“ од Чешка и е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово