Премиера на филмот „This is her story“
Во Кино Култура денеска премиерно ќе биде прикажан филмот „This is her story“, што беше презакажана заради прогласувањето денови на жалост по повод трагедијата во Ласкарци.
– Филмот, на автентично уметнички јазик ја раскажува приказната на три женски атлети од Балканот, нивната силна страст кон качувањето, планинарењето и живот во склад со суровата природа. Секоја од нив има високо поставена цел за оствaрување, а во овој краток филм ги следиме од близу нивните падови и успеси вткаени низ уметноста и екстремните спортови, наведе Илина Арсова, по чија идеја е направен филмот.
Филмот е во режија на Игор Христов.
По проекцијата ќе биде отворена и авторска изложба на Арсова.
По проекцијата ќе биде отворена и авторска изложба на Илина Арсова. Изложбата има продажен карактер со цел поддршка на експедиција Винсон, Антарктик 2019, последен во предизвикот „7 врвови“. Со секое купено дело, оригинална слика, акварел или картичка, станувате пријател и поддржувач во намерата за остварување на овој светски високогорски предизвик кој досега го имаат завршено само 70 жени од светот
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп