Премиера на драмата „Марија Калас – час“ на Мала сцена во МОБ
На Малата сцена во Македонската опера и балет вечер премиерно ќе биде изведена драмата „Марија Калас – час“, напишана од американскиот писател Теренс Мекнели во 1995 година. Режијата и преводот се на Урсула Хорнер, изборот на костими на Марија Пупучевска.
Приказната е за оперската дива Марија Калас, која држи час по пеење на реномираниот универзитет „Џулијард Скул“ во Њујорк. На часот таа се сеќава на сопствениот живот и се однесува сосема непредвидливо. Се будат нејзините инспирации, стравот да не биде „грдото пајче“, омразата кон нејзините конкурентки, притисокот од првите претстави, триумфот во „Ла Скала“, како и нејзината афера со Аристотел Оназис, а кулминира со монологот за нејзиното саможртвување во име на уметноста.
- Драмата обработува фиктивен мастерклас на познатата оперска пејачка Марија Калас, пред крајот на нејзиниот живот. Во претставата е користена музика на Џузепе Верди, Џакомо Пучини и Винченцо Белини. Првпат е изведена на Бродвеј во 1995 со ѕвездите Зое Колдвел и Одра Мекдоналд. Во 1996 година претставата била наградена со „Драма Деск Авард“ за најдобра нова драма и „Тони Авард“ за најдобра изведба, соопшти МОБ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот