Фудбал
11. May 2016 - 8:19

Премиер лига: Вест Хем со победа над Манчестер Ј. се прости од Аптон парк

Екипата на Вест Хем со победа над Манчестер Јунајтед со 3:2 се прости од својот стадион Аптон парк (Болин граунд) каде 112 години ги играше натпреварите бидејќи од новата сезона овој премиерлигаш ќе настапува на Олимпискиот стадион во Лондон. 

Во одложениот дуел од 35.коло (поради настапот во ФА купот) Вест Хем во драматичен натпревар го победи конкурентот на табелата и сега има само еден бод помалку од „црвените ѓаволи“. Вест Хем поведе преку Сахо во 10 минута, а во вториот дел Манчестер Ј. со двата гола на Марсијал (51 и 72) направи пресврт. Сепак домашниот тим стигна до победата со головите на Антонио (76) и на Рид (80).
Инаку почетокот на дуелот беше одложен 45 минути поради инцидент на навивачите пред стадионот.
Вест Хем со 62 бода е на 6.место на табелата, а Манчестер Јунајтед има 63.
 
Вечерва се играат уште три одложени дуели од Премиер лигата:
Норвич - Вотфорд (35.коло),
Сандерленд - Евертон (30.коло) и
Ливерпул - Челзи (30.коло).