Фудбал
30. September 2017 - 18:46

Премиер лига: Убедлива победа на Јунајтед

Нова победа за тимот на Мурињо  во Премиер лигата. Манчестер Ј. убедливо со 4-0 го совлада Кристал Палас и е на чело на табелата со 19 бода. Јунајтед тргна офанзивно од стартот  Хуан Мата по само три минути игра им донесе водство на домаќините, а потоа сосема неочекувано, во гол форма влезе Маруан Фелаини кои постигна два погодоци во периодот од 35-та до 49-та минута. Ова секако беше добра најава за победата на Јунајтед, а до крајот за „покер“ во мрежата на гостите се погрижи Ромелу Лукаку кој ја продолжи својата гол серија како член на „ѓаволите“.