Фудбал
1. November 2016 - 8:51

Премиер лига: Стоук „бега“ од дното

Фудбалерите на Стоук по серијата од три победи и пет дуели без пораз го напуштаат дното на табелата и со 12 бода се искачија на 12 место од Премиер лигата.

Синоќа на домашен терен го победија Свонси со 3:1, по што нивниот ривал остана на претпоследното место на табелата. Најзаслужни за триумфот беа поранешните играчи на Свонси Вилфред Бони и Џо Ален. Бони постигна два гола (3 и 73 минута) на асистенции на Ален. Третиот гол за Стоук беше всушност автогол на Елфи Мејсон (55), додека голот за Свонси го постигна Вејн Ратлиџ (8).
Свонси по 10 кола има освоено 5 бодови.