Фудбал
21. May 2017 - 10:28

Премиер лига: Последно коло - почеток 16 часот

Во англиската Премиер лига попладнево ќе се одиграат натпреварите од последното 38.коло. Почетокот на дуелите е во 16 часот.

Во последната рунда ќе се решава само за кои две  екипи ќе играат во Лигата на шампионите покрај Челзи (првак) и Тотенхем. 
Во конкуренција за последните две места се три екипи: Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал.
Манчестер Сити е најблиску до третото место со 75 бодови, Ливерпул има 73, а Арсенал 72. 
При ист број бодови на две екипи решава вкупната гол разлика.
Познато е дека лигата ја напуштаат: Мидлсброу, Сандерленд и Хал.
Двојки од 38.коло: Арсенал - Евертон, Ливерпул - Мидлсброу, Вотфорд - Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед - Кристал Палас, Челзи - Сандерленд, Барнли - Вест Хем, Хал - Тотенхем, Лестер - Бурнемут, Саутемптон - Стоук и Свонси - ВБА.
Табела: Челзи 90, Тотенхем 83, Манчестер Сити 75, Ливерпул 73, Арсенал 72, Манчестер Јунајтед 66, Евертон 61,...