Фудбал
9. August 2015 - 19:13

Премиер лига: Победа на Ливерпул, пораз за Арсенал

На денешните три натпревари од 1.коло од Премиер лигата домашните екипи без победа на домашните тимови. Победи како гости постигнаа Вест Хем и Ливерпул, додека Саутемптон одигра нерешено.

Арсенал беше изненаден дома од градскиот ривал Вест Хем, а головите ги постигнаа Кујате (43.минута) и Зарате (57). Ливерпул победи на гостувањето кај Стоук (лани во последното коло беше поразен со 6:1), а стрелец на голот беше Кутињо (86).

 

Резултати од 1.коло:
Арсенал - Вест Хем 0:2,
Њукасл - Саутемптон 2:2,
Стоук - Ливерпул 0:1,
Челзи - Свонси 2:2,
Манчестер Ј. - Тотенхем 1:0, 
Бурнемонт - Астон Вила 0:1,
Евертон - Вотфорд 2:2,
Лестер - Сандерленд 4:2, 
Норвич - Кристал Палас 1:3.
 
Утре се игра последниот натпревар ВБА - Манчестер Сити (почеток 21 часот).