Преку Програмата за практикантство на ОКТА до вработување
Преку Програмата за практиканти во ОКТА четворица студенти годинава станаа дел од тимот на компанијата. Од големиот број пријавени студенти беа избрани најдобрите кои беа ангажирани во тримесечна пракса во компанијата, а на оние кои покажаа исклучителни вештини и желба за натамошен професионален развој им беше продолжен договорот, по што беа задржани во компанијата.
Во април започнува нов циклус на оваа континуирана програма на ОКТА, на кој може да аплицираат студенти кои се последна година од додипломски студии, како и на магистерски студии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Економскиот, Правниот, Градежниот, Технолошко-металуршкиот факултет, Факултетот за Електротехника и Информациски технологии и Природно-математичкиот факултет, како и студентите на приватниот универзитет „Американ Колеџ”.
- Програмата која активно ја спроведуваме и развиваме во ОКТА претставува одлична можност за студентите да се стекнат со нови професионални вештини и знаења. Како една од најголемите компании во земјава, сметаме дека преку организирање на вакви општествено одговорни иницијативи им помагаме на студентите да се подготват за предизвиците кои ги очекуваат по завршување на академското образование, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации на компанијата.
Студентите преку програмата влегуваат во оперативните процеси на компанијата на одредено работно место. За секој од нив има назначено ментор од ОКТА, кој преку делегирање на работни задачи и одговорности го воведува и насочува практикантот во деловните активности на компанијата. Како и во претходните циклуси, ОКТА им обезбедува превоз, оброци и дополнителни парични средства на сите практиканти кои учествуваат во програмата.
- Отсекогаш сонував да работам во голема компанија. Кога се пријавив за програмата идеја ми беше да се стекнам со искуство кое ќе ми овозможи практично да го применам моето академското знаење, да научам да се справувам со секојдневните работни задачи и обврски, изјави Жаклина Кузманова, една од вработените практиканти.
Ново на Сител
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините