Бизнис
18. July 2015 - 18:23

Преку проектот „Македонија вработува“ досега вработени 3.570 лица

Во Македонија, заклучно со вчера, преку проектот „Македонија вработува“ се вработени 3.570 лица, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по работниот престој во Струга каде ги посети децата кои ја користат владината услуга за бесплатен летен одмор.

Според Спасов, во рамки на проектот дневно се реализираа меѓу 50 и 70, а некогаш и 100 вработувања.
 
- Исклучително е позитивно да се истакне дека и во струшкиот и охридскиот регион овој проект дава резултат. На ниво на Струга досега се вработија 124 лица, а на ниво на Општина Охрид 167 или вкупно 301 лице, нагласи министерот.
 
Со проектот „Македонија вработува“ значително ќе се намали невработеноста во земјата преку отворање нови работни места