Преку проектот „Македонија вработува“ досега ангажирани 4.535 лица
Вкупно 4.535 лица се вработени преку проектот „Македонија вработува“ за три ипол месеци, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на приватната компанија „Дока текстил“ од Валандово која ги има искористено поволностите од проектот.
Спасов оцени дека компанијата е успешен и позитивен пример на македонска компанија која изминатите години ги користи поволностите што се нудат преку мерките за вработување.
- Оваа компанија со годините се повеќе и повеќе се развива и го зголемува бројот на вработувања. Околу 10 проценти од вработените се преку мерките за вработување што ги нуди Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, односно околу 40 лица се вработени само преку „Македонија вработува“, што е уште еден показател за успешноста на мерките. Ги повикувам сите приватни компании да го следат овој пример, да помогнат во развојот на нашата држава преку напредокот на нивните компании и создавањето и отворањето нови работни места, рече Спасов.
Сопственикот на „Дока Текстил”, Тони Пандев изрази задоволство од проектот „Македонија вработува” оценувајќи го како позитивен и за компаниите и за невработените.
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана