Преку кредитирање до подобро земјоделство и рурален развој
Кредитирањето во земјоделството е неопходно не само за краткорочно финансиско јакнење на производителите, туку и за подобрување на капацитетите, нови инвестиции, зголемување на продуктивноста, модернизирање и примена на нови технологии. Тоа е и еден од најважните фактори за развој на руралните области и задржување на жителите таму, како и за подигнување на квалитетот и количината на земјоделските производи, беше речено на денешната стручна дебата од Втората работна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Македонија (НКЕУ-МК).
Според координаторот на НКЕУ-МК, Милева Ѓуровска, кредитирањето не треба да ги надомести само ограничените можности за финансирање, туку, поради спецификите на земјоделството, мора да се земат предвид несигурноста во очекуваниот принос, цените и временската дистанца од настанување на трошоците до добивање на производите.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека Владата презема интензивни мерки за полесен пристап до финансии во земјоделството. Само годинава се предвидени 30 милиони денари за субвнеционирање на каматни стапки за ИПАРД инвестициите, а во најскоро време треба да профункционира и националниот гарантен фонд кој ќе биде вид жирант за земјоделците.
- За да се олесни пристапот до кредит од банките и штедилниците, Владата воспостави соодветна гарантна шема, вредна 26 милиони денари, со која се покрива различната структура на земјоделските стопанства, односно кредитобарателите, од мали земјоделци до бизнис оператори и преработувачи. Преку овој фонд е обезбедена гаранција за максимум 50 отсто од висината на побаруваниот кредит чија вредност може да биде најмногу 500.000 долари, нагласи министерот.
По завршувањето на овој проект, додаде, треба да стартува националниот гарантен фонд.
Пред оваа сесија, во март годинава Работната група за земјоделство и рурален развој од Националната конвенција ја одржа првата сесија на која исто така беа отворени важни прашања за земјоделството, а во фокусот беше ИПАРД.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава