Преку 70 домашни и странски издавачи на 28. Саем на книгата
Преку 70 издавачи од Македонија и од регионот ќе се претстават на годинашниот 28. Меѓународен саем на книгата што официјално почна синоќа, а ќе трае до 18 април.
На отворањето во Метрополис арената присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска.
Канческа - Милевска потенцира дека Владата во изминатиот период ја поддржа реализацијата на значајни капитални проекти од областа на издавачката дејност. Од 2008 година досега, како што рече, е поддржано издавањето на над 5.000 книги од сите жанрови на издавачките куќи од земјава, а двапати годишно се врши и откуп на книги во насока на збогатување на фондот на библиотеките со цел тие да бидат достапни за сите граѓани.
Присутните ги поздрави и извршната директорка на Скопски саем Даниела Глигоровска, истакнувајќи дека Саемот на книгата 28 години ги обединува домашните и странските изложувачи, како и љубителите на книгите што е потврда за успешноста на оваа манифестација.
Модератор на отворањето беше Игор Џамбазов, а се обратија писателот Раде Силјан, како и Сашо Димоски кој зборуваше од името на помладата генерација автори.
Ново на Сител
-
Загина 46-годишен маж, додека возел излетал надвор од коловозот
-
Страшевски: За убиството на Вања и Панче постојат клучни разлики во доказите и изјавите на обвинителството
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Не може да се прогласи човек за виновен, доколку покрај изјавата нема материјален доказ
-
Неделава променливо облачно и нестабилно време
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано