Тенис
7. July 2018 - 17:49

Прекрасен потег на Надал и пласман во 1/8-финале

Љубителите на тенисот на Вимблдон уживаа во уште една доминантна партија на Рафаел Надал кој во три сета го елиминира Австралиецот Алекс де Минаур и се пласира во осминафиналето на турнирот.
Неговиот лоб удар во третиот сет е прогласен за најдобар потег во досегашниот тек на турнирот.
Шпанецот со оваа победа го осигура првото место на АТП листата без разлика до која рунда ќе стигне.
Во 4.коло Надал ќе игра со победникот од мечот Весели- Фоњини.