Македонија
20. October 2024 - 9:14

Прекинато водоснабдување во делови на Центар

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф2 на улица „Апостол Гусларот“ 3 пред влезот на училиштето Песталоци, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улиците „Апостол Гусларот“ и „Борка Талески“ на потег од ул.„Аминта Трети“ до ул.„Рајко Жинзифов“.

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.