Прекината собраниската седница за патните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид

Пратениците попладнево на 16. седница го усвоија дневниот ред на кој единствена точка е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево - Охрид, по итна постапка.
Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери ја прекина седницата и даде пауза од еден час, при што им наложи на матичните комисии да се изјаснат по предложената точка.
Џафери најави дека во 17 часот пратениците ќе расправаат по три точки од 17. седница за која рече дека е итна бидејќи треба да се констатира мандат на нов пратеник на местото на Биљал Касами, потоа избор на член на ДИК за кој е потребно двотретинско мнозинство и избор на вицегувернер на Народната Банка на РМ.
Ново на Сител
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
